Сонет е еден од првите Интернет и VPN сервис понудувачи во Македонија. Како еден од пионерите во промовирањето на Интернет технологијата во земјата, Сонет постојано ги насочува своите деловни активности кон обезбедување на софистицирани современи IP решенија според највисоките светски стандарди.

Сонет има одлична поврзаност кон глобалниот интернет, остварена преку редундантни линковски врски кон реномирани меѓународни оператори. Поседува и современ телекомуникационен и податочен центар и со тоа ги нуди сите најсовремени сервиси од оваа област.

Продолжувајќи по својот успешен пат, на 01.01.2012 година Сонет се припои кон познатата швајцарска ИТ компанија Нетцетера Гроуп АГ Цирих. Со цел проширување на опсегот на дејноста, покрај докажаните сервиси кои и понатаму ќе продолжат да се обезбедуваат, во иднина ќе се нудат и други пософистицирани услуги од ИП технологијата, за клиенти од други пазари. Брендот Сонет и понатаму ќе продолжи да важи и ќе остане препознатлив знак за висок квалитет на услугите.