VPN сервисот кој го нуди Сонет е софистицирано и безбедно решение за сигурен транспорт на информации и податоци помеѓу различни локации во земјата и странство. Истото се имплементира на сите можни инфраструктури на телекомуникациските оператори.

Со примена на последните методи, правила и стандарди од областа на пренос на заштитени податоци преку глобалната интернет мрежа, а врз основа на досегашните светски искуства, се обезбедува 100% безбедност и интегритет на податоците во текот на нивниот пренос од една до друга дестинација.

Овој сервис е секогаш пропратен со договор на највисоко ниво на услуги (СЛА)