Денешните потреби во работењето бараат брз и едноставен пристап до Глобалната мрежа (Интернет), со минимални технички барања. Во последниве неколку години, безжичниот пристап на Интернет се користи како квалитетно решение за перманентен Интернет пристап, од страна на повеќе компании, особено од оние до кои не постои друга комуникациска инфраструктура (изнајмена линија или оптичка врска). Безжичниот пристап до Интернет станува избор за перманентен Интернет пристап поради неговата флексибилност, брза реализација и функционалност која не се разликува многу од останатите висококвалитетни решенија.
СОНЕТ обезбедува бежичен пристап на Интернет претежно со тн. “point-to-point“ или "point-to-multipoint" линкови, користејќи професионална опрема, со што се обезбедува висок квалитет, голема сигурност и доверливост на целокупното решение.

За сите дополнителни информации може да не контактирате.